Во Косово утре почнува новата учебна година
Министерот за образование и наука на Косово, Рам Ликај, најавувајќи го утрешниот почеток на школската година, информира дека во сите училишта првиот школски час, како и по еден час неделно во иднина, ќе биде посветен на пандемијата на Ковид-19, јави дописникот на МИА од Приштина.
На денешната прес-конференција по тој повод, Ликај информира за мерките кои се преземени за што поголема заштита на сите учесници во учебниот процес.
Тој нагласи дека подготовките за отворање на училиштата за учениците започнале пред еден месец.
– Исчистени се и дезинфикувани училиштата, изготвено е општо упатство со три сценарија, како и мастер-план за е-образование кој е усвоен со додатен буџет од 12,5 милиони евра, а изготвени се протоколите за дејствување во однос на пандемијата, со кои се јасно утврдени мерките што треба да се преземат во одредени ситуации, рече Ликај.
Освен тоа, како што информира, секоја образовна институција формира сопствена работна група која ќе дејствува на дневни основи, поделени се учебниците и подготвени се сите наставници за настава од дистанца.
– Сите се задолжени да носат маски. МОН подели околу половина милион маски вчера и денеска во училиштата низ Косово. Околу 300 наставници кои се во тешка здравствена состојба нема да учествуваат во процесот, но ќе примаат плата, информира Ликај.
Тој рече дека одлуката за отворање на училиштата во услови на пандемија воопшто не била лесна.
– Тоа беше најтешката одлука во мојот живот, рече Ликај.
Ново на Сител
-
Благоев: Бугарската православна црква ќе мора да ја признае Македонската црква
-
Предупредувачки протест на жителите од кочанското село Бели поради чадот од градската депонија
-
Телефонски разговор на претседателот Пендаровски со српскиот патријарх Порфириј
-
Џафери пречекан во Собрание со транспарент: „Бегај бе таму, „Маму ви е*aм“!
-
Се преврте брод кај Тунис, 76 лица исчезнаа
-
Министерот Беким Сали се обрати на 75-та Асамблеја на СЗО во Женева
-
Џафери за најавениот протест на опозцијата: Секој има право да излезе на протест
-
Опожарен „мерцедес“ на автопат Куманово-Скопје