ЦУК: Активни шест пожари, изгаснати три

Активни се шест пожари на отворен простор заклучно со 12:30 часот, од вкупно девет во текот на денешниот ден, информира Центарот за управување со кризи (ЦУК). Изгаснати се три пожари на отворено.
ЦУК соопшти дека се активни пожарите во Општина Дојран кај с. Николич каде гори нискостеблеста шума, во Општина Чучер-Сандево кај с. Горњани каде е опожарена нискостеблеста шума, во Oпштина Велес кај селата Џидимирци и Крушје гори мешана шума, во Општина Македонски Брод помеѓу с. Црешнево, с. Локвица, с. Крапа и с. Слатина гори деградирана дабова шума, грмушки и ниска вегетација, во Општина Гази Баба кај с. Раштак кон с. Љуботен гори ѓубре и во Општина Сарај кај с. Крушопек кон с. Лака каде исто така гори ѓубре.
Изгаснати се пожарите во Општина Битола кај населбата Баир каде горело ѓубре, во Општина Кичево на ул.„Прилепска“ гореше дива депонија и во Општина Кратово кај с.Туралево каде гореле грмушки и ниска вегетација.
Ново на Сител
-

Кушнер: Израел мора да се ослободи од воениот менталитет
-

Јаневска: Новите закони за високо образование и наука се приоритет и дел од реформската агенда
-

Осум лица завршија во болница откако 55-годишник предизвикал пожар во стан во Охрид
-

Случаен минувач го пронашол застреланиот маж кај Смилковско Езеро, приведено осомничено лице
-

Маѓар: Унгарија нема да прифати буџет на ЕУ, за кој би требало поголеми придонеси
-

Мицкоски: Буџетот ќе ни биде предизвик наредните две години, но сигурен сум дека ќе го надминеме
-

Николоски: Со „Дојче Телеком“ разговаравме за нови инвестиции и дата-центар во Македонија
-

Возрасни лица имале полови односи со малолетник кој се оддалечил од Установа за згрижување деца
