Во Кичево протестен марш за поддршка на иницијативата „За заедничка Македонија“
Пред Домот на културата во Кичево и вечерва се одржа протестен марш со кој граѓаните дадоа поддршка на граѓанската иницијатива „За заедничка Македонија“.
На присутните им се обрати Даме Силјаноски кој во име на граѓанската иницијатива истакна дека и вечерва целта на маршот ќе биде да упатат порака за унитарна, заедничка Македонија на сите граѓани, без прифаќање на платформи создадени во туѓи држави.
– Уште еднаш ги повикуваме сите наши сограѓани, без оглед на национална, верска или партиска припадност што сакат да живеат во нашата заедничка држава Македонија да ни се придружат на нашите мирни протести. Ќе продолжиме со протести додека не се осигураме дека Македонија ќе остане таква каква што си ја сакаме и каква што треба да биде, унитарна и заедничка за сите нејзини граѓани, додаде Силјанoски.
Маршот продолжи на мирен и достоинствен начин низ улиците на Кичево.
Ново на Сител
-
Грабеж на Бит Пазар
-
Почна судскиот процес против Мерко за незаконско поставување директор на ОУ „Браќа Миладиновци“ во Струга
-
Му договориле лажна средба со девојката, па го однеле во куќа каде го претепале
-
„Ѓока констракшн“ од Албанија ќе стопанисува со паркингот на Клинички во наредните 20 години
-
Електродистрибуција: Секој корисник има право да побара корекција на фактура
-
Туск: Европа може да победи во секоја конфронтација со Русија
-
Наутро постудено, преку ден топло со температури до 23 степени
-
Пожар во стан во Центар