Во Кавадарци се одржа концерт на етно хармоника
Концерт на етно хармоника одржаа синоќа во Кавадарци професорот Илчо Јованов и студентите од неговата класа од Музичката академија при Универзитетот “Гоце Делчев“ од Штип. На програмата беа композиции од познати македонски автори, македонска народна инструментална и новосоздадена музика.
- Пред четири години отворивме отсек за етно хармоника. Станува збор за прво вакво нешто на овие простори, за негување на нашата традиција. Бидејќи не е можно дрво без корен. Затоа мораме да ја сакаме и негуваме нашата традиција, во услови на наплив на музика од страна, рече професорот.
Концертот беше реализиран во галеријата при Домот на културата „Иван Мазов Климе”. Директорот на оваа културна установа Владимир Темков ја нагласи традиционалната соработка со Факултетот за музичка уметност при Универзитетот од Штип.
Настанот беше во рамките на манифестацијата “Кавадаречка културна есен”.
Ново на Сител
-
Анализа: Што ќе донесат последните посети на Мицкоски во Брисел?
-
Тема на денот со Александар Николоски, потпретседател на ВМРО-ДПМНЕ
-
Не се знае дали студентите ќе имаат бесплатен превоз од први јануари, ЈСП не им ги продолжува билетите
-
Реформи веднаш за поголем економски раст
-
Директорката на Клиниката за деца “Козле” на состанокот кај Таравари ги негирала обвинувањата од 30 специјалисти
-
Преглед на вестите од светот
-
Скопјани се подготвуваат за викенд без вода
-
Артан Груби побарал укинување на притворот