Во Кавадарци промовирана книгата „Име од светлина и рани"
Во Домот на културата „Иван Мазов - Климе“ во Кавадарци денеска беше промовирана книгата „Име од светлина и рани“ од група автори.

Книгата е во издание на Македонски манифест, а промоцијата ја организираа Културниот дом и Градската библиотека „Феткин“.
Во своето обраќање, Ефтим Клетников кој е еден од авторите, изрази задоволство што промоцијата се случува на Денот на ослободувањето од фашизмот и Денот на Европа. Потсети дека Македонскиот манифест веќе десет години се залага за зачувување на македонското уставно име.
- Ние Македонците имаме горчливо искуство со Европа, еве веќе столетие и пол. Македонија била распарчувана и делена на други. За жал, од големите европски сили на Западот. А од овде потекнуваат изворите на европската цивилизација. И како се случи Македонија да се бори за своето име? Зошто е тој притисок да се ликвидира еден народ кој му дал на човештвото големи цивилизациски дарови, нагласи Клетников.
Ново на Сител
-

Арапските земји ја осудија изјавата на американскиот амбасадор за правото на Израел
-

Полицајка го загуби животот, а 15 лица се повредени во експлозии во украинскиот град Лавов
-

Пакистан нападна талибански бази во Авганистан
-

Последен ден на ЗОИ2026, Норвешка со најмногу медали
-

Пет тела на мигранти пронајдени на брегот источно од Триполи
-

Најстудено и најмногу снег утрово на Попова Шапка
-

Ѓорѓиевски на ФБ: Со премиерот Мицкоски вчеравечер извршивме увид во градежните активности на булеварот „Македонија“
-

Трамп најави дека ќе испрати болнички брод во Гренланд
