Дали има поврзаност на убиствата во кумановско?
За две недели истражните органи би имале појасни докази дали 25 годишникот од кумановско е сериски убиец. Толку време е потребно за ДНК лабораториските анализи по ексумацијата на жена од Нагоричане за која постои сомнеж дека и таа била убиена од истото лице. Примероците за испитување од жената на 40-тина години која била погребана пред 1 месец се земени пред 3 дена на Институтот за Судска медицина.
Откако во петокот обвинителството отвори истрага за убиство на свиреп начин врз 78 годишна старица, а осомничениот го поврзуваат со уште неколку слични случаи во кумановскиот крај, од Министерството за внатрешни работи без конкретен одговор на прашањата од Сител: Дали МВР ги проверува постапките на СВР Куманово за евентуални пропусти во истрагата за сомнителните случаи? Колку случаи на починати лица се под проверка и За какви дела до сега одговарал до сега приведениот?
- Во врска со случајот за кој прашувате ве известуваме дека во интерес на истрагата во моментов не сме во можност да споделиме повеќе детали. Воедно, апелираме за трпение институциите и истражните органи да го комплетираат случајот по што соодветно ќе биде известена јавноста, стои во писмениот одговор од службата за односи со јавност во министерството.
Неофицијално, истражните органи се сомневаат дека 25 годишникот од селото Драгоманце извршил 5 убиства во овој крај лани и годинава. Во петокот пред камерата на Сител сведочеше 85 годишната Росанка која тврдеше дека и таа била нападната од истото лице, но за среќа успеала да се спаси бидејќи нешто тропнало и тој избегал.
Засега нема информација дали обвинителството ќе бара ексумација и на други тела. Дали можат да се обезбедат траги од Институтот за Судска медицина велат дека тоа завизи од времненските и теренските услови и колку време е поминато од погребите.
- Затоа е најдобро секогаш да се работи обдукција веднаш после починувањето на одредени луѓе, колку ќе помине подолг период од смртта до обдукцијата толкку шансите се понмали, изјави проф. д-р Александар Станков, директор ан Институтот за судска медицина.
Јавноста пред 20 –тина години се сеќава на неколку сериски убијци, меѓу кои Охриѓанецот Лазе Радески кој жртвите дилери на девизи ги убивал со чекан во глава, Скопскиот Расколников од Ѓорче Петров во 2009 та убил и ограбил 4 постари жени, а една година претходно беше откриен и серискиот убиец новинарот Владо Танески од Кичево, кој беше осуден за три убиства на жени со давење со кабел и потоа се самоуби во затворска келија.
-

Александар Динев
Сите содржини од овој новинар
