Во Кавадарци изложба на скулптури од академскиот скулптор Горан Ѓорев
Во Домот на културата „Иван Мазов Климе” во Кавадарци, синоќа беше отворена изложба на скулптури од академскиот скулптор Горан Ѓорев. Станува збор за петнаесетина уметнички дела од неговиот последен циклус .
Ликовниот уметник Ванчо Кеков од Кавадарци нагласи дека е ова ретка можност за кавадарчани, да видат тродимензионално изразување.
- Станува збор за автор кој плени со својата имагинација, работи во еден многу специфичен материјал. Млад по години, но зрел уметник. Преку една импресивност, апстракција, смелост на изразот, карактеристични за него, тој го легнува под неговата рака, материјалот преку кој се изразува. Интересно е тоа што многу од делата не се изработени по скици, туку според моментално расположение, додаде Кеков, посакувајќи му на авторот уште многу изложби.
Пред присутните се обрати и авторот, кој инаку е директор на Домот на културата „Мирка Гинова” во Демир Капија.
Ѓорев е роден 1976 година во Кавадарци. Завршил средно уметничко училиште и дипломирал на Факултетот за ликовна уметност во Скопје, отсек вајарство. Има учествувано на повеќе колонии, реализирано бројни самостојни и групни изложби. Добитник е на неколку награди и признанија. Член е на Друштвото на ликовни уметници на Македонија, но и на друштвото од Кавадарци. Живее и работи во Демир Капија.
Ново на Сител
-
ЦУК: Активни четири пожари, 15 изгаснати, еден ставен под контрола
-
Во Норвешка, речиси секој нов автомобил е електричен
-
Татко ми ме учеше на македонштина | Дамјан Стојановски | ПРОфесија | Sitel Podcast 104
-
Влада: Ќе се основа Мултифункционален научно-технолошки парк
-
Германската царина откри 1.500 тарантули криумчарени во колачи
-
Јавниот повик за прием на 400 пожарникари завршува во четврток, најдобрите ќе бидат дел од новата специјална единица на ДЗС
-
ЦУК: Активни шест пожари, изгаснати три
-
Алкалоид против Хановер во баражот за групната фаза во Лига Европа