Во Карпош ќе се воведува зонско паркирање?
Откако до општина Карпош пристигале 300 барања за воведување на зонско паркирање, општината најавува дека преку анкета ќе го земе во предвид мислењето и на останатите граѓани. Како што објаснува градоначалникот Стефан Богоев, анкетирани ќе бидат граѓаните кои живеат во Карпош 1 и 2, бидејќи жителите на овие населби имаат најголем проблем со паркирањето, јавува Слободен печат.
– Тоа се населби кои граничат со општина Центар, каде што паркирањето се наплатува, па одлучуваат да паркираат во Карпош, а потоа одат пеш до Центар, на работа, во парк, во зоолошка или на кафе. Затоа од следната недела во Карпош започнува анкета за регулирање на паркирањето. Јас нема самоиницијативно да воведам зонско. Ако мнозинството одлучи, ќе воведеме зона Д, што ќе значи бесплатно за три автомобили на жителите на Карпош, а сите други ќе плаќаат 25 денари час, рече Богоев.
Мнозинство гласови, како што објасни тој ќе се смета ако од повеќе од 50 проценти од анкетираните се согласат во Карпош да се воведе зонско паркирање.
Ново на Сител
-
Тема на денот со проф. д-р Весна Мојсова Чепишевска
-
Од Крива Паланка до Куманово ќе се патува 40 минути
-
Нефер трговските практики ќе се казнуваат до 20.000 евра
-
Што ќе одлучи Бугарија по одлуките на Стразбур?
-
До крајот на јануари ќе почне примена на Законот за употреба на македонскиот јазик - Има ли државата капацитет?
-
Илјадници лица со оштетен вид не го познаваат Брајовото писмо – Недостаток на образовниот систем
-
Ветерот и снегот малку го исчистија воздухот – синоќа Скопје беше најзагаден град во светот
-
Струмица и понатаму меѓу најзагадените градови