Намалена видливост поради магла на патот Гајре - Попова Шапка

Поради појава на магла намалена видливост до 30 метри вечерва има на патниот правец село Гајре - Попова Шапка, информираат од Јавното претпријатие „Македонија пат“.
Од претпријатието посочуваат дека сообраќајот на останатите државни патишта се одвива во зимски услови, по влажни коловози на повисоките и претежно суви коловози на пониските места.
Во соопштението се додава дека претпријатието со целокупната расположива механизација и работна сила е вклучено во расчистување на патиштата.
- Исто така, на располагање се и фирмите со кои соработуваме, како навремено би се справиле со снежните наноси, додаваат од претпријатието.
На одредени патни правци, што поминуват низ клисури и усеци, можна е појава на поситни одрони. Од Македонија пат апелираат на внимателно управување со возилата, почитување на поставената сообраќајна сигнализација, како и прилагодување на брзината спрема условите на патот. Дежурните екипи, нагласуваат, се постојано на терен и ги одржуваат сите патни правци проодни.
Ново на Сител
-

Почина Владо Јаневски
-

Пет активни пожари на отворен простор, соопшти ЦУК
-

Путин: Русија минува низ тежок период, но ќе ги надмине сите закани
-

Уапсени 14 возачи за безобѕирно управување возило
-

СЗО: Над 1.300 луѓе починаа поради топлотниот бран во Европа
-

Осум пожари на отворено во текот на денов, три сè уште активни
-

Кривична за 42 годишна жена, ги оставала своите деца да спијат во нејзиното возило додека била на работа
-

ЈО: Насилна е смртта на жената од Таор, за убиството осомничен поранешниот сопруг
