Во Јордан уапсен новинар кој објавил дека функционерите се вакцинирале против Ковид-19, пред вакцините да пристигнат во земјата

Во Јордан е уапсен новинарот Џамал Хадад поради објавен текст во кој тврди дека вакцината против Ковид-19 пристигнале во Кралството и оти претсатвниците на власта ги примиле своите дози.
Хадад, кој е уредник на порталот Ал Вакаи објави дека владините претставници се вакцинирани против новиот коронавирус. Тој е обвинет за „загрозување на јавната безбедност и предизвикување немири и немири“. Него му е одреден 15-дневен притвор додека чека судење.
Хадад на 22 декември објави текст „А, луѓето? Дали Фајзер (вакцината) пристигна тајно и дали се вакцинирани високите функционери во јорданската Влада“?
Јорданските власти во средината на декември одобрија употреба на вакцината на Фајзер и БиоНтек, а вакцината треба да пристигне кон крајот на јануари или почетокот на февруари 2021 година.
Хадад вчера од притвор е префрлен во болница поради висок крвен притисок и болки во градите.
Јорданскиот Синдикат на новинарите побара ослободување на Хадад, истакнувајќи оти неговото апсење му штети на имиџот на Јордан.
– Судот за државна безбедност не може да суди за прашања поврзани со слободата на изразување, се наведува во соопштението на Синдикатот на новинари и се бара случајот Хадад да биде разгледан од Граѓански суд.
Во Јордан официјално регистрирани се повеќе од 285.000 случаи на Ковид-19 и над 3.700 смртни случаи. Јорданскиот министерот за здравство Назир Обејдат минатиот месец изјави дека дека вакцините ќе бидат бесплатни за Јорданците и за странците.
Ново на Сител
-

Филипче не попушта ни по лидерската, инсистира на техничка влада
-

Тема на денот со Петар Арсовски, политички аналитичар
-

Лидерска средба без СДСМ
-

ДИК ги објави конечните резултати од повторените избори
-

Прв смртен случај со грип оваа сезона – почина 75 годишна жена на Инфективна
-

Со задолжување од милијарда евра ќе се враќаат стари долгови, но ќе следи уште едно во следното тримесечје
-

Ќе има ли доволно пазарни инспектори за контрола на новиот закон за пушење?
-

Проектот Мој ДДВ не се укинува
