Преглед на вестите од светот
Потпретседателот на САД Џеј ди Венс и државниот секретар на САД Марко Рубио се домаќини на данскиот министер за надворешни работи Ларс Локе Расмусен и неговата колешка од Гренладн Вивијан Моцфелд а фокусот на разговорите е иднината на Гренланд.
Пред стартот на состанокот во Белата куќа, Премиеерот на Гренланд изјави - Ако мораме да избираме помеѓу САД и Данска, Гренланд го избира Кралството Данска, НАТО и ЕУ.
Трамп пак вели дека островот е од витално значење за безбедноста на САД и дека САД мора да го поседуваат за да спречат Русија или Кина да го окупираат НАТО станува многу посилен и поефикасен ако Гренланд е во рацете на Соединетите Американски Држави додаде шефот на Белата кука.
- „Премиерот на Гренланд денес рече: „Ние претпочитаме да останеме со Данска“. Дали го гледате тоа како последен збор?“
Трамп: „Кој го рече тоа?“
Трамп: „Па, тоа е нивен проблем. Тоа е нивен проблем, не се согласувам со него. Не знам кој е тој. Не знам ништо за него. Но, тоа ќе биде голем проблем за него.“
Бројот на жртви во анвтиладините протести во Иран надмина 2000, над 18 илјади луѓе се уапсени, властите користат брутална сила -соопштија активистите по делумното обновување на комуникациите во земјата.
Потврдивме над 1.800, поточно 1.850, убиени демонстранти. Имаме 779 дополнителни случаи во фаза на преглед. И така, ова е исклучително висок број сам по себе.
- Во последните неколку дена имавме бавен проток, но утрово успеавме да се поврземе преку фиксна линија по неколку дена, како што направија и многу други. И тоа ни овозможи да стапиме во контакт со нашата мрежа на терен, а исто така да ги потврдиме извештаите што чекавме да ги потврдиме неколку дена.
Иранската државна телевизија соопшти дека намјалку 300 припадници на бебзедносни сили и цивили кои не протесриале загинале во немирите.
Трамп ги повика демонстрантите во Иран да продолжат со протестите, најавувајќи дека помошта е на пат. Го предупреди Техеран на силен одговор од САД за евентуални егзекуции на притворените.
Иран порача дека е подготвен за секое сценарио.
Министерот за одбрана, Азиз Насирзаде изајви дека испратиле порака до своите соседи, предупредувајки ги дека американските воени бази на нивна територија ќе станат легитимни цели доколку САД извршат напад врз иранска територија.
-
Емилија Штерјов
Сите содржини од овој новинар
