Во изминатите години не се водело доволно сметка за противпожарната заштита во музеите во Македонија
Во изминатите години не се водело доволно сметка за противпожарната заштита во музеите во Македонија. Тоа е штета бидејќи толку богатство се чува во тие институции. Таму е националниот идентитет.
Ова го изјави пензионираниот професор Крсте Богоески на денешната обука за вработените во музеите во Република Македонија, за дејство во случај на пожар. Прашање е, нагласи, колку во овие културни институции во изминативе години се водело сметка за противпожарни скали, хидранти и црева за гаснење на пожар.
Богоески е член на Извршниот одбор на Македонскиот национален комитет “Синиот штит”, кој секоја година организира одредени активности врзани за заштита на културното наследство во опасност. Говореше за безбедност на музејските колекции и заштита од пожар.
- „Синиот штит” кој ја организираше оваа средба е невладина организација што работи на прашањата на заштита на културното наследство што е во опасност од војна, пожар, поплава, кражби, одредени други дејствија, многу значајна организација која стручно помага за заштита на културните добра во музејските институции, појасни тој.
Форумот одржан во Музејот на Македонија во Скопје, е финансиски поддржан од Министерството за култура на Република Македонија.
Директорката на неготинскиот музеј, Драгица Чекорова рече дека оваа обука ќе помогне дополнително да се збогати знаењето околу противпожарната заштита на културното наследство како вистинско богатство на еден народ кое, како што рече, нема цена.
Ново на Сител
-
Рафаел Надал со емотивно видео стави крај на својата кариера
-
Шведската полиција истражува вооружен инцидент во близина на израелска фирма во Гетеборг
-
Поскапува мазутот, цените на бензините и на дизелот не се менуваат
-
Пронајдени мигранти од Непал, приведени две лица на Табановце, судија ги протера од државата на една година
-
Таравари: Денеска планирам прес за смртта на бремената жена и 14-месечното бебе
-
Клоп: Мојата улога е да бидам ментор на тренерите во системот на Ред Бул
-
Еурофарм Пелистер-Спортинг 24:24 – Прв бод за битолчани во Лига на шампионите
-
Грчки фудбалски репрезентативец пронајден мртов во домашен базен