Во Италија уапсени татко и син Косовци, за наслство врз девојка од Македонија
Италијанската полиција уапсила двајца косовски државјани,татко и син, поради психичко и физичко насилство врз 19 годишна девојка од Македонија, која била свршеница на синот.
Локалните медиуми во Римини информираат дека двајцата Косовци на возраст од 54 и 24 години, се уапсени по наредба на обвинителот Давид Ерколано.
За траумите кои ги преживувала, девојката му кажала на татка си кој за тоа ја известил полицијата.
Двајцата Косовци се уапсени денеска, а девојката е однесена во болницата во Римини за медицинска контрола и третман.
Девојката и изјавила на полицијата дека со момчето се запознале преку фејсбук по што по кус период решила да замине од Македонија за да живее заедно со свршенкот. Но, веднаш по пристигнувањето, оваа љубовна сторија се претворила во пекол. Тие и го одзеле пасошот, а секојдневно била изложена на физичко и психолошко насилство.
Ново на Сител
-
Инспекторите на терен – дали 140 ученици од “Ѓорѓија Пулевски” се затруени со храна?
-
Кривична пријава за поранешниот директор на струмичкиот затвор
-
Законот за нефер трговски практики почнува од утре, поевтинување се очекува за еден месец
-
Пропадна тендерот за пругата кон Бугарија, приоритет ќе биде Коридор 10
-
Приватните превозници ги паркираа автобусите, бараат зголемување на цените за изминат километар
-
Преглед на вестите од светот
-
Средба Мицкоски-Орбан и заедничка владина седница во Охрид
-
УЈП најави строги контроли на претстојните „Денови на кочанскиот ориз“