-->
-->
Во Италија разбиена криминална мрежа за извоз на неквалитено маслиново масло
-->
Италијанската полиција разби криминална група, која извезувала неквалитено и старо маслиново масло во САД, а го претставувала како ладно цедено.
Дванаесет лица, поврзани со мафијата Ндрангета во Калабрија беа уапсени.
Криминалната група доставувала евтино масло во САД. Таму производот бил етикетиран како екстра ладно цедено, кое е барано поради вкусот и позитивните ефекти врз здравјето. По измените продуктот бил доставуван во големите продавници во Њу Џерси.
Обичното маслиново масло чини една десетина од цената на ладно цеденото, кое се продава за околу десет евра за литар, изјави Давид Граниери, раководител на Асоцијацијата за производство на маслинки.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Протестите со поддршка и од премиерот
-
Протест за смртта на Фросина и во Неготино
-
Тема на денот со Бојан Стојаноски, пратеник од ВМРО - ДПМНЕ
-
Нови несогласувања помеѓу лекари и директорката на клиниката за деца „Козле“
-
Протест за смртта на Фросина
-
Има ли одговорност кај обвинителството и судството?
-
Бојкот на маркетите поради високите цени
-
Македонија платила над 7 милијарди евра за увозна храна за 10 години, додека младите „бегаат“ од земјоделие