Во Источна Германија регистрирани најмногу криминални дела на расна основа
Речиси половина од криминалот поттикнат од расна омраза во Германија минатата година е извршен во источните провинции, на територијата на поранешна Источна Германија, каде живее само 17 отсто од населението на земјата, јави ДПА.
Четириесет и седум отсто од расно мотивираните криминални дела се извршени во источните провинции, вклучувајќи го и Берлин, се наведува во извештајот на германското Министерство за внатрешни работи.
И покрај тоа што само 130 криминални дела со расен мотив против имигранти се регистрирани во целата земја, бројот на криминални дела од омраза се зголемува на 1.029, доколку се вклучат и оние, кои им се припишуваат на крајнодесничарските екстремисти.
Западната провинција Северна Рајна Вестфалија, која има најмногу жители, е а прво место со 370 криминални дела, а по неа следува Берлин со 111.
Ново на Сител
-
Црн чад над Сикстинската капела во Ватикан
-
ПМФЛ: Шкендија со триумф над Работнички ја обезбеди шампионската титула
-
Започна конклавата за избор на нов папа
-
Пронајден починат маж во Бутел
-
Николски за заемот од 6 милијарди евра: Делот за тоа колку ќе се задолжиме е погрешно пренесен
-
Учество на министерот Муцунски на неформалниот состанок во GYMNICH формат
-
Во првиот квартал извоз во вредност од 1 928.6 милиони евра
-
ЕУ ги повика Индија и Пакистан да покажат воздржаност