Кери: САД и Кина мора да преземат контрола врз севернокорејската нуклеарна програма
САД и Кина мора да најдат начин да ја стават под контрола севернокорејската нуклеарна програма и да ги намалат тензиите во Јужното Кинеско Море, изјави денеска американскиот државен секретар Џон Кери во Пекинг на средбата со шефот на кинеската дипломатијата Ванг Ји.
Кери синоќа допатува на дводневна посета на Кина, по дводневниот состанок со лидерите на земјите од југоисточна Азија, на кој се обиде да ги охрабри да заземат единствен став кон се поизразените територијални претензии на Пекинг во Јужното Кинеско Море.
Кина тврди дека таа има суверенитет над речиси целото Јужно Кинеско Море, вклучувајќи ги и подрачјата што ги контролираат други земји.
Кинеските државни медиуми зезедоа обрамбен став во врска нуклеарната програма на Северна Кореја, која на 6 јануари изведе нуклеарна проба, тврдејќи дека тоа било тестирање на мала хидрогенска бомба.
- Пред притисокот врз Кина, највисокиот американски дипломат би требало прво да го разгледа ставот на својата земја по тоа прашање, објави кинеската државна агенција Хсинхуа.
Аналитичарите оценуваат дека Кина не е подготвена до го користи целото свое влијание за да извши притисок врз Северна Кореја за да го успори својот нуклеарен развој, воглавно бидејќи стравува дека преголем притисок би предизвикал пад на режимот на севернокорејскиот комунистички лидер Ким Џонг Ун, што тоа би можело да предизвика бран на бегалци од Северна Кореја во Кина.
- Кинеската стратегија и натаму се води по следните приоритети: нема војна, нема нестабилност, нема нуклеарно оружје, оценува Мико Хуотари од институтот „Меркатор“.
Ново на Сител
-
Поради асфалтирање затворена за сообраќај делницата Велес - Градско
-
СЗО: Очекуваниот животен век се зголемува за десет години за оние кои се откажале од пушењето во своите 30-ти години
-
Тешка сообраќајќа помеѓу автобус и автомобил - тешко повредено едно лице
-
Нова мисија на кинеската вселенска станица, меѓу астронаутите за првпат и цивил
-
Маж загина во тешка сообраќајка на патот Штип - Кочани
-
Уапсен охриѓанец кај кого биле пронајдени куршуми и пиштол
-
Командир во полицијата во Виница заработи кривична пријава – не дозволил да се казни автобус
-
Стоилковски: Кој ќе ги избира надзорниците за 36.500 евра плата или СДС и ДУИ веќе го имаат поделено колачот?