Во Иран ги затвораат школите и универзитетите поради новиот коронавирус
Иранските власти решија да ги затворат училиштата и универзитетите во обид да го спречат ширењето на новиот коронавирус, соопшти денеска Министерот за здравство на таа држава.
Иранскиот претседател Хасан Рохани изјави вчера дека новиот коронавирус се раширил во скоро сите ирански провинции, но дека земјата ќе се справи со тоа.
Официјалната веб-страница на иранското претседателство објави дека Рохани на седница на Владата изјавил дека „оваа болест е распространета“ и ги зафатила речиси сите провинции во Иран.
Според најновите податоци на иранското Министерство за здравство, од новиот коронавирус досега починале 107 лица, додека 3.513 се заразени, вклучително и државни службеници.
Државната телевизија соопшти дека молитвите се откажани за в петок во сите главни градови на провинциите.
Ново на Сител
-
Министерот се премисли: Основците нема да одат на училиште во сабота
-
Агресијата кај учениците е резултат на целокупната состојба во државата
-
ВО ЖИВО: Нема настава во сабота
-
Тема на денот со претседателот на ДИК, Александар Даштевски
-
ССК: Кога среда е неработен ден, сте ја изгубиле цела недела
-
Во Југоистокот на државата запишани 1547 болни и изнемоштени лица
-
ВО ЖИВО: Подготовки во ДИК
-
Гласање во затвор „Идризово“, запишани 887 избирачи