Во Идризово откриен тунел за бегство на затвореници со високи казни
Тунел долг 60 метри во затворениот дел од затворот Идризово утрово бил откриен во координирана акција помеѓу безбедносните служби и затворската полиција, потврдуваат за Сител од Управата за извршување на санкции.
Неофицијално тунелот служел за бегство на неколку затвореници од затворот Идризово. Се копал 4 до 5 месеци и во него биле поставено потпорни греди и осветлување со помош на струен кабел.
Акцијата била спроведена по добиени претходни сознанија за ваквата активност на затворениците. Во моментов во затворот Идризово се прави увид на тунелот и како се успеало да се направи ваков голем зафат во рамките на затворот.
Директорот на затворот Шпенд Тахири не одговара на телефонските повици од новинарските екипи, но за него последните информации се дека треба да биде сменет од оваа позиција како дел од новата распределба по влезот на Алијансата во Владата.
Катерина Нешкова
Ново на Сител
-
Објавени јавни повици за субвенции за микро, мали и средни компании за занаетчии и за дигитализација за женско претприемништво
-
Радевска-Стефкова и Герасимовски поднесоа оставки од Судскиот совет
-
Трипуновски: СДС се фатени живи како го трујат народот со контаминирано овошје и зеленчук
-
Ристова: ВМРО-ДПМНЕ бесрамно излажа и ширеше паника дека во државата има отровен зеленчук
-
Лефков: Пресудата за пожарот во Тетовската модуларна болница е доказ колку судството е под притисок на власта
-
Маричиќ: Доколку не се направат уставните измени дефинитивно ќе биде испуштена шансата за ЕУ
-
Средношколците со иницијатива до Уставен: Бесплатен јавен превоз и за приватните училишта
-
Д-р Јовев: Имав притисоци, јас и Кардиохирургија испаднавме жртви