Во Грција уапсен полициски наредник за шверц со дрога и оружје
Полицискиот директорат за внатрешни работи на Северна Грција соопшти дека е уапсен 40-годишен полициски наредник кој работел во Костур, и е обвинет за шверц со дрога и оружје.
Според полицијата, службеникот бил уапсен вчера попладне додека возел автомобил со приколка, во која се пронајдени 113 пакети со марихуана со тежина од 124 килограми и 228 грама.
Подоцна бил извршен и увид во домот на полицаецот при што се пронајдени две пушки калашников со муниција, бајонет, меч, ловечки нож и пари.
Полициската истрага довела и до апсење на 47-годишен сопственик на отпад, кај кого биле пронајдени 10 рачни бомби, еден калашников и муниција, 54 детонатори и еден мобилен телефон.
Против двајцата е покренато кривично обвинение за наркотици и оружје, а полицаецот е суспендиран од неговите должности.
Ново на Сител
-
Муцунски: Владата ги покрива сите трошоци за семејствата на пациентите во странство, не треба да се запостави и хуманоста на граѓаните
-
Таравари: Пет пациенти идната недела очекуваме да се вратат во земјава, шест се во критична состојба
-
Мицкоски го посети семејството на Иле Гоцески, починатиот возач на кочанската Брза помош
-
Приведени 343 лица на протестите во Турција
-
Пронајдена тревкаста материја и приведени три лица
-
Од утре дожд, грмежи и силен ветер
-
Пуштале музика во денови на жалост - Приведени две одговорни лица во угостителски објекти
-
Муцунски: Идната недела ќе почне враќањето на првите пациенти што се лекуваат во странство