Во Грција уапсен полициски наредник за шверц со дрога и оружје
Полицискиот директорат за внатрешни работи на Северна Грција соопшти дека е уапсен 40-годишен полициски наредник кој работел во Костур, и е обвинет за шверц со дрога и оружје.
Според полицијата, службеникот бил уапсен вчера попладне додека возел автомобил со приколка, во која се пронајдени 113 пакети со марихуана со тежина од 124 килограми и 228 грама.
Подоцна бил извршен и увид во домот на полицаецот при што се пронајдени две пушки калашников со муниција, бајонет, меч, ловечки нож и пари.
Полициската истрага довела и до апсење на 47-годишен сопственик на отпад, кај кого биле пронајдени 10 рачни бомби, еден калашников и муниција, 54 детонатори и еден мобилен телефон.
Против двајцата е покренато кривично обвинение за наркотици и оружје, а полицаецот е суспендиран од неговите должности.
Ново на Сител
-
Априлските пензии зголемени за 2.500 денари, премиерот уверува - ќе растат платите
-
Побегнал од психијатрија и пукал на вработена во Центарот за социјални грижи во Прилеп
-
Протестен марш во Скопје
-
Тема на денот со Саит Саити, Генерален секретар на Црвен крст
-
Преглед на вестите од светот
-
Пукање во Волково - Кираџија го убил газдата, го ранил неговиот син па се самоубил
-
Позитивни вести од болниците
-
Сите училишта и градинки се безбедни, ќе се прават контроли и на сите станбени згради