Во Грција се регистрирани 200 случаи на морбили
Двесте случаи на заболени од морбили (мали сипаници) досега се регистрирани во Грција, пишуваат локалните медиуми, повикувајќи се на податоците на надлежната комисија во Парламентот.
Властите уверуваат дека ситуацијата се следи и се контролира. Специјалистите сметаат дека 70-75 отсто од случаите се однесуваат на деца од ромската заедница, околу 15 проценти се луѓе од целото население, а речиси 10 отсто се мигранти пристигнати во Грција со првите миграциски бранови.
Стручните лица не ја исклучуваат можноста, сипаниците да биле пренесени од ромските групи, кои доаѓаат од Романија. Ваквата ситуација во Грција ги поттикна надлежните да набават 65.000 дози вакцини, кои треба да пристигнат овој месец, а до крајот на годината се планира да бидат обезбедени уште 120.000 доз
Ново на Сител
-
Македонија и ЕУ со безбедносно партнерство
-
Тема на денот со Трајан Ангелоски, претседател на ССК
-
Клуч на врата за неколку институти во земјата
-
Шекеринска избрана за Заменик генерална секретарка на НАТО
-
Украина го искористи оружјето на САД
-
Тензична расправа во Собранието за Предлог буџетот за 2025 година
-
Падна одлука: Од следниот месец повисоки плати за сите вработени во здравството
-
Бизнисот бара брзи пруги и патишта, Владата вети – ќе градиме!