Во Гостивар 1.100 казни за непрописно паркирање
Минатата година, на поширокото гостиварско подрачје откриени и санкционирани се 1.104 прекршоци за погрешно паркирање.
– Непрописно паркираните возила кои биле оставени на недозволени места и го попречувале нормалното и безбедно движење на другите учесници во сообраќајот биле подигнати од „пајак-службата“ и транспортирани на наменски определено место. Најголемиот број од овие прекршоци лани се однесувале на паркирање на пешачки премини, на тротоари, во зелени површини, на крстосници и на други места, вели Марјан Јосифоски портпарол на СВР Тетово.
Во текот на јануари оваа година, вкупниот број на вакви прекршоци изнесувал 46. Во наредниов период планирани се контроли во централното гостиварско подрачје и особено на улиците „ Браќа Ѓиновски“, „Гоце Делчев“, „ Илинденска“, „ЈНА“.
На сопствениците на погрешно паркираните возила изготвени им се мандатни платни налози, а глобата за овој вид прекршок се движи од 45 до 180 евра во денарска противвредност или впишување на 25 до 40 негативни поени.
Ново на Сител
-
Банките чекаат официјален допис, бизнисот условите за унгарскиот кредит
-
Тема на денот со Петар Арсовски
-
Поставена биста на Димитар Влахов пред седиштето на СПМ
-
Изјавата на Кешишев нема да го смени обвинението - Има цврсти докази дека Палчо ги убил Вања и Панче
-
Каранфилова ќе работи на враќање на довербата во СДСМ, за власта таа е уште еден потрчко на Заев
-
ЕУ утре ќе донира 6 електрични автобуси на ЈСП, Владата ќе купи уште стотина
-
Гасификација, електрични автобуси, делење на возило се опциите за справување со загадениот воздух во Скопје
-
ССК задоволни од условите за кредитите од унгарскиот заем