Во Гевгелија презентација на урбанистичкиот план за село Прдејци
Секторот за урбанизам на општина Гевгелија денеска изврши презентација на дел од урбанистичкиот план на село Прдејци, поточно на градежна парцела предвидена за градба на објекти од лесната индустрија.
При стручното презентирање на архитектонско урбанистичкиот проект, урбанистите нагласија дека парцелата зафаќа површина од 1.037 метри квадратни и се наоѓа на атрактивна локација која граничи со новопланираната индустриска улица и регионалниот пат кои овозможуваат експресно сообраќајно поврзување со градови од земјата и од странство, како и со Солунското пристаниште.
Од денеска до 25-ти септември почна да тече рокот и за одржување на јавната анкета по проектот кој што ќе биде изложен во просториите на секторот за урбанизам во Гевгелија. Во наведениот рок заинтересираните физички и правни лица од подрачјето опфатено со планот можат на анкетни листови да доставуваат писмени мислења, предлози и забелешки.
Ново на Сител
-
По повод 45 години Пекабеско ќе донира 30.000 евра за најмладите
-
Последни пратенички прашања за годинава
-
Собранието на чекор до разрешување на членови на Судски совет
-
Дали има судир на интерес во одлуката на Антикорупциска за назначувањето на Бојан Христовски во АНБ?
-
Етнички права во правна држава
-
Приватните превозници возат редуцирано – ги чекаат парите од Град Скопје
-
За 3000 евра македонски државјани војувале за Русија
-
Дали после празниците не очекува пикот на грипот?