-->
-->
Во експлозија во авганистанска џамија загинаа 18 луѓе
-->
Во денешната експлозија во полна џамија во западниот дел на Авганистан загинаа 18 лица, меѓу кои и истакнат свештеник, а 21 лице се ранети, соопштија талибанските власти.
Експлозијата се случи во џамијата Гузарга во западниот град Херат за време на пладневната молитва, врвот на муслиманската верска недела кога џамиите се преполни.
Во нападот убиен е и Муџиб-ул Рахман Ансари, проталибански свештеник, познат во Авганистан по критикување на владите поддржани од Западот во последните две децении. Ансари важеше за близок до Талибанците, кои ја презедоа власта пред една година кога странските сили се повлекоа.
Се уште никој не ја презел одговорноста за нападот.
Претходните напади врз џамиите беа извршени од екстремистичката група Исламска држава.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Седница на Националниот совет за евроинтеграции
-
Околу 2 илјади лица на раб на егзистенција
-
Преглед на вестите од светот
-
Тема на денот со Изет Меџити, од Демократско движење
-
„Велигденски Кули“ - Најуникатниот обичај во Македонија
-
Почина папата Франциск
-
Папата Франциск - Единствен кој ја посети Македонија
-
На предлог-извештајот на Вајц за земјава поднесени 313 амандмани