Во ДПМ промоција на циклусот романи „Балканска сага“ од Луан Старова

Во Друштвото на писателите на Македонија (ДПМ) денеска ќе биде промовиран циклусот романи „Балканска сага“ од Луан Старова во 10 тома. За делата на Луан Старова ќе зборуваат писателите Ристо Лазаров и Ермис Лафазановски, а делови од прозата ќе чита Александра Велинова.
Циклусот „Балканска сага“ на 3.000 страници на читателите им ги доближува најзначајните остварувања на Старова „Татковите книги“, „Времето на козите“, „Балкански клуч“, „Атеистички музеј“, „Патот на јагулите“, „Ервехе“, „Тврдина од пепел“, „Љубовта на генералот“, „Амбасади“ и „Потрага по Елен Лејбовиц“.
Уредник на едицијата е Веле Смилевски, а автори на толкувачките текстови на делата на Старова се познати имиња од македонската и светската книжевна сцена, меѓу кои: Матеја Матевски, Едгар Морен, Георги Старделов, Леон Сомвил, Гане Тодоровски, Катица Ќулавкова, Ристо Лазаров, Предраг Матвеевиќ, Морис Друон, Јелена Лужина и Елизабета Шелева.
Циклусот „Балканска сага“ во 10 тома е критичко и дополнето издание на романите на Луан Старова кои сега, во издание на „Дијалог“, за прв пат се појавуваат во интегрален вид под заеднички наслов. Делата презентирани во оваа едиција со успех се објавувани на дваесетина јазици во светот.
Во Македонија романите на Луан Старова се наградени со врвни книжевни признанија, меѓу кои наградата „Стале Попов“ на Друштвото на писателите на Македонија за најдобра прозна книга, „Рациново признание“,„Климент Охридски“, „Велја кутија“ и Роман на годината на „Утрински весник“.
Ново на Сител
-

Правилото на Безос за првиот час: Утринска рутина што носи успех
-

Кралот Чарлс Трети денеска ќе се обрати пред пратениците во американскиот Конгрес
-

Пожари во Ваксинце и Арбанашко, опожарени околу дваесетина хектари шума
-

Сабаленка за вирусот на турнирот во Мадрид: Слушнав дека треба да ги избегнувам тие такос
-

Македонија со јасна енергетска трансформација и конкретни резултати – силна порака од ЈЕСКО во Берлин
-

ФБИ и МВР во акција во Голема Речица: Откриен нелегален онлајн пазар вреден 500.000 долари
-

Приведен 26-годишен дрвокрадец од скопско | ФОТО
-

Посебен режим на сообраќај денеска во Скопје
