Македонија
6. March 2019 - 10:32

Во Дојран поставена нова пумпа за вода

Екипите на јавното комунално претпријатие „Комуналец-Полин“ денеска ја монтираа новата потопна пумпа за водоснабдување на бунарското подрачје „Деребаш“ во Стар Дојран.

Дојранските комуналци потврдија дека со овој зафат повторно го вратиле во употреба бунарот еден што веќе подолго време не бил во функција и дека операцијата треба да овозможи подобрување на снабдувањето со квалитетна вода за пиење на подрачјето на Стар Дојран.

Од комуналното претпријатие информираа дека паралелно со ова се изведуваат и работите за инсталирање на секундарна канализациска линија во должина од 280 метри на потегот меѓу улиците „Кузман Јосифовски-Питу“ и „Гоце Делчев“ во Стар Дојран каде ќе можат да се приклучат поголем број на домаќинства.