Македонија
4. May 2016 - 13:21

Во Делчево одбележани 113 години од загинувањето на Гоце Делчев

Делчево се поклони пред споменикот на својот патрон Гоце Делчев  одбележувајќи ја 113-годишнината од смртта на револуционерот Делчев.
 
Делегации од општина Делчево, од политички партии и здруженија на граѓани положија свежо цвеќе пред централниот споменик на Делчев во градот, на тој начин оддавајќи почит кон ликот и делото на овој македонски револуционер чие име овој град на истокот гордо го носи од 50-те години на минатиот век.
 
Пред присутните делегации пригоден рецитал за животот и делата на Гоце Делчев одржаа членовите на КУД „Гоце Делчев“.
 
Во рамките на одбележувањето на патронот, КУД „Гоце Делчев“ од Делчево денеска во просториите на друштвото отвори изложба со фотографии од историски и природни знаменитости на Делчево, како дел од еден поголем европски проект, работен во партнерство со организацијата „Народ и традиции“ од општина Симитл во Бугарија.
 
Целта на проектот е преку културно обединување и промоција на културното наследство од Пијанец да се подобри квалитетот на животот на луѓето од двете страни на границата.