Во Делчево 70 лица во самоизолација, дезинфициран граничниот премин
Во насока на спроведување на мерките за заштита на населението од вирусот КОВИД-19, извршена е дезинфекција на граничниот премин Делчево. Активностите се реализираа во соработка со Територијалната противпожарна единица Делчево како дел од мерките усвоени од Регионалниот штаб за кризи.
-Ваквата дезинфекција ќе биде повторена уште неколку пати на граничниот премин Делчево, но и на останати јавни површини како во градот, така и во селските средини, информираа надлежните.
Последните бројки покажуваат дека вкупно 70 лица досега се наоѓаат во самоизолација во Делчево.
-Бројката на тие лица е во пораст, дополнително во понеделник ќе биде соопштено колку нови лица имаме во самоизолација. За среќа засега немаме лице заразено со КОВИД-19, се надеваме така и ќе остане, додаваат од Регионалниот штаб за кризи во Делчево.
Општинските власти продолжија со дезинфекција на објектите и јавните површини. Апелираат граѓаните и натаму да ги следат препораките и да останат дома.
Ново на Сител
-
Разрешувањата во Судски совет ќе чекаат законски измени
-
Младите во Британија не знаат да променат сијалица, во Македонија велат тоа го прават без проблем
-
Руте: Време е за војна – вака треба да размислуваме
-
Преглед на вестите на светот
-
Муцунски: 2025 да биде година за старт на преговорите
-
Продолжуваат протестите на синдикатот на УПОЗ
-
Преглед на вестите од светот
-
Постигнат е договор: Дополнителни 6 денари по килограм оризова арпа