Во Дебар до 17 часот гласалe над 40 отсто, во Центар Жупа 32 отсто од граѓаните
Во општините Дебар и Центар Жупа, изборниот ден минува без никакви проблеми.
Во општина Дебар до 17 часот на гласање излегле 7.342 лица со право на глас или нешто над 40 отсто од вкупно запишаните 18.406 граѓани.На претходните локални избори до 17 часот одѕивот бил 45,6 отсто.
- Членовите на Општинската изборна комисија во текот на денот прават обиколка на сите 27 избирачки места и до сега не се забележани никакви недоследности во текот на гласањето. Се надеваме дека така ќе биде до крај, вели Саит Абазоски од Општинската изборна комисија во Дебар.
Во Општина Центар Жупа до 17 часот на гласање излегле 2.152 гласачи или 32 отсто од вкупно запишаните 6.810 граѓани со право на глас. На минатите локални избори до 17 часот одѕивот на галасачи бил 56 отсто.
Според претседателот на Општинската изборна комисија во оваа општна Еран Зубер изборниот процес во сите 16 избирачки места се одвива без проблеми.
Изборите во двете општини ги следеа и набљудувачи на ОБСЕ/ОДИХР и на граѓанската асоциација „Мост“.
Ново на Сител
-
Тема на денот со Ивица Боцевски
-
„Шопен под отворено небо“ во Градскиот парк
-
ДИК ги усвои конечните резултати: Гордана Силјановска Давкова е новата претседателка на Македонија
-
ВМРО-ДПМНЕ ги почна преговорите со коалицијата „ВРЕДИ“
-
Состанок на Европскиот фронт на ДУИ
-
ДИК во понеделник ќе ги разгледува приговорите за парламентарните избори
-
Мицотакис бара почитување на Преспанскиот договор
-
Тројца министри за здравство стануваат пратеници