Џет-Сет
4. July 2015 - 10:23

Во чии прегратки заврши поранешната снаа на Цеца?

Поранешната девојка на синот на Цеца, Маша Териќ, дефинитивно стави точка на врската со младиот Ражантовиќ, па сега има среќна врска со младиот фудбалер Марко Грујиќ.

- Маша и Марко долго време беа пријатели. Со оглед дека Маша беше во врска со синот на Цеца, Марко никогаш не се обидуваше да има со неа нешто повеќе од другарство, а дури откако таа раскина со Вељко фудбалерот тргна со додворување. Сето тоа започна пред неговото заминување на Светското првенство“, изјавил извор близок до српскиот Курир. 

За врската на ќерката на директорот на ФК Црвена Звезда со Марко говорат и сликите кои таа ги става на социјалните мрежи.