Во Чешиново-Облешево продадени 8 парцели за мало стопанство
Општина Чешиново-Облешево ги продаде сите осум градежни парцели во државна сопственост што ги понуди со последниот оглас за јавно наддавање. Станува збор за плацеви што се наменети за изградба на објекти за лесна и незагадувачка индустрија, од кои седум се лоцирани кај месноста Свети Атанасиј кај селото Спанчево, а една во месноста Кривулица - Ѓерен во Катастарската општина Облешево.
- Вкупната површина на сите осум парцели изнесува над 134 илјади метри квадратни, од кои Oпштината треба да инкасира околу 12 милиони денари, односно близу 190 илјади евра. Според најавите на една од парцелите ќе бидат поставени сончеви колектори за производство на електрична енергија, истакнуваат од општина Чешиново-Облешево.
Инаку ова беше трета продажба на градежни парцели за мало стопанство во општина Чешиново-Облешево.
Ново на Сител
-
Вреди: Не треба да се отвораат старите рани
-
Победа над Фарски Острови - македонските ракометари се пласираа на Светско
-
Пендаровски се заблагодари на граѓаните за укажаната доверба
-
ЦУК: Спасени две лица кои со „квадрицикл“ излетале во провалија на Шара
-
Приштина: Притвор од 30 дена за државјанин на Србија вмешан во ланските немири во северно Косово
-
ЕУ потсетува на важноста од целосно почитување на Договорот од Преспа
-
Мишел и Фон дер Лајен со честитки во Сиљановска Давкова: Очекуваме соработка на европскиот пат на земјата
-
Алексеј Навални постхумно ќе ја добие наградата за мир во Дрезден