Македонија
22. May 2022 - 15:22

Во центарот на Скопје, приведен крадец малолетник

Полициски службеници од Полициската станица Центар, вчера во 17.40 часот во Скопје, лишиле од слобода малолетник од Скопје поради постоење основано сомнение дека сторил кривично дело „тешка кражба“ казниво по член 236 во врска со чл.19 од Кривичниот законик во објект на ул.„Македонија“, соопштија од МВР.

– Со малолетникот е извршен службен разговор и известен е Меѓуопштинскиот центар за социјални работи. За настанот бил запознаен јавен обвинител и по целосно документирање на случајот ќе биде поднесена пријава, информираат од МВР.