Во близина на резиденцијата на премиерот на Израел паднале две ракети
Две ракети синоќа паднаа во близина на приватната резиденција на премиерот Бенјамин Нетанјаху во градот Цезареја, во центарот на Израел, соопштија безбедносните служби и го опишаа како „ сериозен случај“.
- Околу 19:30 часот (по локално време), две ракети паднаа во дворот пред премиерската резиденција, се вели во заедничкото соопштение на полицијата и израелската разузнавачка служба Шин Бет.
„Премиерот и неговото семејство не беа во куќата“, додаваат службите, оценувајќи дека станува збор за „опасна ескалација“. Не е прецизирано од каде биле истрелани ракетите.
На 22 октомври, беспилотно летало ја погоди резиденцијата на Нетанјаху.
И тогаш премиерот на Израел не беше во својот дом, но го обвини движењето Хезболах, против кое војува во Либан, дека се обидуваат да го убијат него и неговата сопруга.
Три дена подоцна Хезболах објави дека тој го извршил нападот.
Ново на Сител
-
Тема на денот со Диме Велев, претседател на Сојуз на здруженија на дијабетичари
-
Трајановски најавува градежна офанзива во патната инфраструктура
-
Трет ден комисиска расправа за предлог-буџетот за 2025 година
-
Мицкоски ги повика банките на општествена одговорност
-
СДСМ: Власта ја партизира АЕК
-
Мицкоски: Нема да има отстапки во позициите за ЕУ перспективата
-
Четвртина од населението во државата не знае дека има дијабет
-
Зголемен бројот на деца со тешкотии при читањето