Во Битола засадени листопасни и зимзелени дрвца
Акцијата „Ден на дрвото“ годинава се одржа во урбана средина, во Нова Битола каде на отворени површини беа засадени листопадни и зимзелени дрвца.
Акцијата ја организираше општина Битола во соработка со локалните јавни претпријатија, и освен претставници на администрацијата и членови на општинскиот Совет се вклучија и претставници на граѓански организации и поединци.
-Денес се пошумува во урбаниот дел на градот но не ја заборавивме и околината бидејќи добивме околу 150.000 садници. Во урбаниот дел засадивме 800 садници, а на барање на граѓаните, ЈП „Комуналец“ ќе подари над 3.800 садници кои ќе бидат засадени во дворови, месни заедници и други урбани локации по личен избор. Акцијата е поддржана од училиштата, детски градинки и други институции кои денес засадуваат и директно придонесуваат за намалување на проблемите со загадувањето на воздухот, истакна градоначалникот на општина Битола, Владимир Талески.
ЈП „Комуналец“-Битола ќе продолжи и во наредниот период да подарува садници за правните и физички лица во градот, беше посочено на денешниот еко-настан во Битола.
Ново на Сител
-
Најстудено на Попова Шапка, најмногу дожд во Крушево
-
Жалби до Управниот суд за изборните приговори, прва средба на работните групи на ВМРО-ДПМНЕ и Вреди
-
Во голем пожар во пристаништето Медулин уништени над 30 јахти | ВИДЕО
-
Без струја делови од Чаир и Аеродром
-
Нова рунда преговори меѓу Белград и Приштина за забраната за користење на динарот на Косово
-
Путин го поддржува кинескиот план за мирно решавање на кризата во Украина
-
Стејт департментот му префрли на Конгресот една милијарда долари помош за Израел
-
Состојба на патиштата