-->
-->
Во Битола започна Балканската колонија на ракотворци
-->
Со две изложби, синоќа во Битола започна четвртата по ред Балканска колонија на ракотворци.
Првата изложба, како што посочуваат организаторите, е на Симеон Златевски - Моне, сопственик на најмалиот етно музеј на светот, кој обезбедува вечност и траење на околу 2.000 предмети и на исто толку потврди за постоењето и корените на животот на овие простори. Неговиот музеј, кој постои четврт столетие, привлекува 3.000 - 5.000 посетители годишно од целиот свет.
Бројните посетители на отворањето на БКР во битолската Магаза, имаа прилика да ја погледнат и изложбата на Александар Ѓорѓиев, пасиониран вљубеник во македонското античко, ранохристијанско и средновековно наследство, како и на современата архитектура.
- Александар Ѓорѓиев, на свој сопствен начин ги спојува фотографијата и сликарството, на тој начин создавајќи нови уметнички достоинства, кои остануваат како сведоштво за културните вредности и цивилизациската оставштина на овие простори. Користејќи ја и ИТ техниката, неговите дела се потврда, дека уметност е секој индивиуален чин на создавање, во кој што љубовта, пасијата, техниката и индивидуалното доживување се доволни за вниманието на човечкото око, доволни да влијаат врз сите човечки сетила, доволни да ја родат уште еднаш стварноста, да ја пресоздадат прекрасната древна Хераклеа, достоинствената битолска Саат кула или духовниот храм Св.Пантелејмон.
- Фестивалскиот концепт на оваа манифестација се потпира на три столба - работен, едукативен и промотивен аспект. Учесниците годинава во соработка со НП Пелистер, ќе работат на мотивите петигличест бор - Молика и пелистерска, односно кафеава мечка. Во соработка, пак, со НУ Завод и Музеј, инспирација на учесниците е и мотивот од големата Базилика во Хераклеа Линкестис, вели организаторот на БКР, Дивна Грданова Караџовска од Здружението „Астерион 5“.
БКР се одржува еднаш годишно и ги обединува ракотворците од целата држава и Балканскиот регион. Фестивалот има цел промоција и едукација на ракотворците и нивните дела, остварување на меѓународни контакти за меѓукултурна размена на искуства и знаења, како и промоција на Битола и Пелагонискиот регион.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Две жртви во сообраќајна несреќа кај охридското село Ботун
-
Викедов студен бран и врнежи од снег и дожд
-
Забрана за сообраќај на товарни моторни возила на патот Маврово-Дебар поради обилни врнежи од снег
-
Сиљановска Давкова: Нема поголемо богатство од човечкиот капитал, неопходни се мерки за задржување на младите
-
Коцевски: Ако евентуално сум згрешил условите за мое разрешување се содржани во Законот
-
Тошковски: Уапсени осум лица за инцидентите со македонското знаме
-
Грузија: Уапсени 43 лица за време на антивладините демонстрации
-
Сибирски студ ја зафати Централна и Источна Турција со температури 20 степени под нулата