Македонија
22. јуни 2020 - 19:31

Во Битола ќе биде отворена нова лабараторија за испитување на Ковид-19

Започна со работа Лабораторијата за молекуларна микробиологија при Центарот за јавно здравје Битола, а воедно и со дијагностика на САРС КОВ 2. Лабораторијата доби дозвола за работа од стручна Комисија назначена од Министерството за здравство, а се подготвуваше два месеца со оглед на тоа што стандардите на СЗО за ваква лабораторија се многу строги, велат од Центарот.

-Центарот е регионален и ги покрива општините Битола, Ресен, Кичево и Демир Хисар. Во почетокот ќе се тестираат овде, предноста за многу кратко време и квалитетно ќе се добиваат резултатите, кои сега ги праќаме Скопје и ги чекаме. Се планира да премине во регионален, и Прилеп и Охрид во иднина да ги тестираме овде, изјави Д-Р ЕЛИЗАБЕТА КРСТЕВА, ДИРЕКТОР НА ЦЕНАТР ЗА ЈАВНО ЗДРАВЈЕ БИТОЛА.

Финансискиот дел достигна 80.000 евра, додека опремувањето на лабораторијата е финансиски поддржано со донации од повеќе фирми од Битола како и од општината,

Она што значеше синхронизирано делување на приватниот сектор заедно со локалната самоуправа, успешен пример дека ако се делува здружено може да се направат вакви чекори за подобри услуги за граѓаните, но се и во функција за најважното – здравјето на граѓаните, изјави Наташа петровска, Градоначалник од Битола.

-Оваа светска пандемија ќе потрае и затоа од исклучителна важност е да сите да бидеме солидарни и да се помагаме и пример кој треба во иднина да се случува, изјави Дејан Павлевски, заменик министер за локална самоуправа.

Лабораторијата ќе започне со капацитет од 50 тестирања за кој сметаат дека ќе биде доволен за Битола и регионот, а со станувањето дел од Националната мрежа на лаборатории се надеваат дека ќе се зголеми капацитетот.