Вo Битола импровизирана акција за спасување лица при пожар на висококатница

Регионалната дирекција за заштита и спасување во соработка со територијалната против-пожарна единица, службата за итна медицинска помош, Црвен крст и претставници на општина Битола денеска изведоа заедничка превентивна акција за спасување лица од висококатница од објект на ЗК „Пелагонија“.
Спасувањето од висококатници е посебно опасна и храбра интервенција, но, благодарение на обученоста на лицата кои ги активираме, интервенцијата е успешна и ефикасна, истакна Слободан Вуковиќ, раководител на одделението за обука во Регионална дирекција за заштита и спасување, кој ја координираше денешната превентивна акција во Битола.
- Досега сме организирале околу 180 обуки низ кои се сертифицирани околу 7.000 лица кои работаат во различни фирми, компании и служби и кои умеат веднаш да интервенираат во случај на пожар и други непогоди. Секоја обука триумфира со нова оспособеност на учесниците и важно е да се одржуваат вакви обуки бидејќи за жал се случува многу луѓе да не знаат да употребат и против-пожарен апарат, истакна Вуковиќ.
Денешната импровизирана акција за спасување лица во висококатница ја следеше и градоначалникот на општина Битола Владимир Талески, кој потврди дека локалната самоуправа има посебна програма за интервенции во ситуација на елементарни непогоди.
- Освен стручните лица кои се вклучуваат во акциите за заштита и спасување, при интервенции треба да помагаат и други вработени лица во соодветна фирма или институции. Општина Битола ќе го поддржува обучувањето лица кои треба да се вклучат при елементарна непогода или други неприлики. Важно е првата средба со несреќата да не биде панична туку присебна со правилен начин на справување, а за тоа значајни се обуките и ние тоа ќе го направиме со сите институции од надлежност на локалната самоуправа, нагласи Талески.
Ново на Сител
-

Врховниот суд ја укина апелациската пресуда со повисоки казни за случајот „Ласкарци“
-

Укинати пресудите за Стевчо Јакимовски, предметот вратен на повторно судење
-

Еден месец нема трага од Љупчо Стојановски – семејството со апел за помош
-

Помошник директор во Царина фатен при примање обележани 17.500 евра
-

Голем успех за 11-годишниот пијанист Андреј Цековски – освои злато и прво место во Њујорк
-

Мицкоски: Денеска многу подобро се живее од тоа што беше пред три години
-

Мицкоски: Компанијата ВИК ја проширува инвестицијата во Прилеп, предвидени нови 300 вработувања
-

Во јули 367 одобренија за градење, предвидени 1 248 станови
