Во Битола фолклорен концерт за гости од ЦИОФФ за Јужна Европа
Сојузот на фолклорни ансамбли на Македонија-СОФАМ, домаќин на претставници на фолклорни асоцијации од 15 држави во Европа, членки на Светската фолклорна организација-ЦИОФФ, сектор Јужна Европа, вечер во битолскиот Центар за култура организира концерт на кој ќе настапат повеќе македонски фолклорни ансамбли и културно уметнички друштва.
Први на концертот ќе настапат членовите на Здружението фолклорна група „Копачка“ од село Драмче, Делчево кои ќе го одиграат познатото македонско оро „Копачката“ кое како што е познато во 2014 година беше прогласено за национално културно богатство и е впишано во УНЕСКО како светско нематеријално културно наследство.
-Пред гостите од 15 европски држави, како и домашна публика, одсвен ЗФГ „Копачка“ ќе настапат и Фолклорниот ансамбл „Китка“ од Истибање, ансамблите „Никола Јонков Вапцаров“, „Ибе Паликуќа“ и „Скопје“ од Скопје, ансамблот „Бојмија“ од Гевгелија и КУД „Илинден“ од Битола, информираа од СОФАМ.
Како што информираше МИА, на работните средби во Битола учествуваат 45 гости, претставници од Албанија, Азербејџан, Србија, Бугарија, Црна Гора, Грција, Кипар, Северен Кипар, Хрватска, Босна и Херцеговина, Шпанија, Италија, Португалија и Франција, членки на Светската фолклорна организација ЦИОФФ, сектор Јужна Европа.
Според програмата, учесниците денес дебатираат за повеќе теми од интерес на фолклорните групи и друштва во Јужна Европа, а ќе извршат и избор на ново раководство.
За гостите од странство домаќинот СОФАМ ќе организира посета на Националниот парк „Пелистер“, античкиот локалитет Хераклеја Линкестис, а утре ќе го посетат Охрид, градот на УНЕСКО.
Ново на Сител
-
Тема на денот со Тони Коњановски, градоначалник на Битола
-
Неолитски населби кај струмичко Костурино и дојранско Црничани
-
Протест против загадувањето на воздухот
-
СДСМ: Власта е виновна
-
Рамиз Мерко остана без пасош – Обвинителството покрена ново обвинение против него за ширење етничка омраза
-
Муртезани: Брисел има разбирање за нас, шансата ни е стабилна влада во Бугарија
-
Примарното здравство пред пензија – помалку од 1400 матични лекари во државата
-
Исходот од пукање петарди може да биде фатален