Во Битола евидентирани 32 деца питачи
Во Битола 32 деца питачат на улица. Оваa бројка беше евидентирана преку проектот „Психосоцијални и здравствени интервенции за добросостојбата на децата од ранливи популации“ финансиран од програмата на ЕУ за прекугранична соработка помеѓу Грција и Македонија. Психијатарот Ристевска Димитровска потенцира дека на децата што питачат, не треба да им се даваат пари.
-Зашто ако им даваме, ќе продолжат да го прават тоа, луѓето кои ги пратиле да питаат ќе продолжат да ги користат. Колку се помали толку повеќе се злоупотребени, се користат од мајките да предивикаат поголемо сочуство кај населението, вели Гордана Ристовска Димитровска, специјалист психијатар од ВМШ Биотла.
Како дел од проектот функционираат мобилни тимови кои работат со децата од улица или гетоизираните ромски населби, вршат едукација, психотерапија, психолошко советување и социјални совети. Ги повикуваат граѓаните да се пријават како волонтери во овие тимови, со цел да продонесат за добросостојбата на децата од овие ранливи популации.
-Се бориме сите луѓе да имаат лична карта, сите луѓе здравствено осигурување, повеќе деца да стигнат до образование, вели Ристевска Димитровска.
Волонтерите велат дека децата соработуваат и добро ги прифатиле.
-Ги учиме да пишуваат и разни други работи, одиме на терен, им помагаме колку што можеме, со цел да се зголеми нивната свест да пшрестанат со тоа што го прават, изјави РЕНАТА ДИМАНОВСКА, ВОЛОНТЕР.
Покрај евидентираните 32 деца питачи, од вкупно 239 деца од ранливи категории, 25 деца привремено доаѓаат во Битола и неколку месеци живеат на улица додека нивните родители продаваат зеленчук и овошје. 107 деца пак живеат на Караорман 111 каде секојдневно се соочуваат со сиромаштија и недостиг на основни услови за живот.
-
Маја Богоевска
Сите содржини од овој новинар
