Македонија
6. December 2015 - 9:15

Во Берово температурите до - 5 степени, Дојран измерени три

Утрово долж Повардарието и по котлините има ниска облачност и магла, а во некои од котлините, Пелагонија и Полошката  има и намалена видливост до 50 метри.

Во другите котлини, информираат од Управата за хидрометеоролошки работи, маглата е со послаб интензитет. Во останатите делови од земјава, на планините времето е претежно сончево и студено.

Најниски температури измерени се во Берово -5, во Тетово - 3, - 2 во Прилеп, Битола, Струмица, Маврово, Тополчани, Крива Паланка, -1 Штип, нула степени во Лазарополе, Демир Капија, Виница, Скопје, еден степен во Куманово, Дебар, Ѓуриште, Пожаране, 2 Претор, Пожар, Гевгелија, Крушево, 3 Дојран, Охрид.