Loading Video...
Свет
21. May 2024 - 12:22

Преглед на вестите од светот

Илјадници луѓе дојдоа да му оддадат почит на претседателот на Иран Раиси, колона е огромна и ги следи ковчезите на жртвите во несреќата.

Врховниот водач ајатолахот Али Хамнеи ќе ја води молитвата на прошталната церемонија во Техеран во вторник навечер. Во Иран е прогласена петдневна жалост за смртта на претседателот Ебрахим Раиси, кој загина во неделата во хеликоптерска несреќа.  Во несреќата загина и иранскиот министер за надворешни работи Хосеин.

Голем број ирански ожалостени луѓе се собраа во вторникот на погребната поворка на иранскиот претседател, Ебрахим Раиси и неговите придружници во Табриз.

Официјалната погребна церемонија на шефот на државата и другите жртви ќе се одржи во Табриз, од каде подоцна телата на жртвите ќе им бидат пренесени во нивните родни градови. Телото на Раиси подоцна ќе биде погребано во неговиот роден град Машхад во североисточниот дел на Иран.

Ковчезите на Раиси и Абдолахиан поставени еден до друг и покриени со национални знамиња. Телата на загинатите беа пронајдени рано во понеделникот по потрагата во текот на ноќта во услови на снежна бура.

Врховниот лидер Хамнеи, кој ја има крајната моќ со последниот збор за надворешната политика и иранската нуклеарна програма, рече дека првиот потпретседател Мохамад Мокбер ќе ја преземе функцијата привремен претседател, објави официјалната новинска агенција ИРНА.

Ден на жалост за смртта на иранскиот претседател најавија и Турција и Пакистан.

Израелските сили денеска извршија рација во Џенин на окупираниот Западен Брег во операција во која палестинското Министерство за здравство соопшти дека убиле седум Палестинци, вклучително и еден лекар, а други девет биле ранети. Армијата соопшти дека станува збор за операција против милитанти и дека биле застрелани голем број палестински вооружени лица.

Во текот на изминатите 24 часа, израелската армија уби 106 Палестинци и рани 176 други, со што вкупниот број загинати на 35.562.

Во понеделникот, палестинските вооружени групи, вклучително и военото крило на Хамас, бригадите Ал-Касам и вооруженото крило на Движењето Исламски џихад, Бригадите Ал-Кудс, започнаа постојани напади против израелската војска.

Централната команда на САД соопшти дека досега биле испорачани повеќе од 569 метрички тони хуманитарна помош преку привремениот пловечки пристаниште до Газа, но не целата помош стигнала до магацините.

Испораките на помош почнаа да пристигнуваат на пристаништето изградено од САД во петокот, бидејќи Израел е под зголемен глобален притисок да дозволи повеќе залихи во опколената крајбрежна енклава.