Во Берово се гради прв спортски центар
Во Берово се гради првиот спортски центар кој ќе опфаќа повеќенаменско игралиште, фитнес центар и кошаркарски терен. Во просторот кај Старата гимназија во тек се градежните работи за изградба на повеќенаменското игралиште, а по неговата изградба ќе следува втората фаза која предвидува изградба на останатите два терени, информираат од Општина Берово.
Овој спортски центар, како што посочуваат од општината, ќе придонесе за развој на спортот и можност младите да го поминуваат слободното време во спорт на нови модерни спортски терени.
Средствата се обезбедени од Агенцијата на млади и спорт и Општина Берово.
Повеќенаменското игралиште ќе биде пуштено во употреба на 23 август, празникот на градот Берово, додека останатите два спортски терени се очекува да бидат готови пролетта во 2017 година.
Ново на Сител
-
Завршен митинг на СДСМ
-
Завршен митинг на ВМРО-ДПМНЕ
-
Завршен митинг на Влен
-
Последен ден за кампања - пораки на кандидатите
-
Парламентарни избори 2024
-
Седница на ДИК за приговори од граѓани за лично избирачко право
-
Производителите на зелка бараат обештетување поради ниската откупна цена
-
Евростат: Невработени во март биле 13,2 милиони лица во Унијата, на Германија до 2035 ќе и фалат 7 милиони работници