Loading Video...
Фудбал
19. April 2020 - 12:45

Во Белорусија со „скафандери“ се следат фудбалските натпревари

Белорусите и натаму му пркосат на Корона вирусот иако во оваа земја досега има безмалку 5.000 заболени и 47 смртни случаи. 
 
Сепак фудбал се игра и тоа со присуство на публика. Но, дел од присутните на стадионите мечевите, иако не ја почитуваат мерката за социјална дистанца, сепак се облечени во „скафандери“.
 
Што се однесува до натпреварите. На програмата беа четири средби од 5.коло во прволигашката конкуренција. 
 
Главниот фаворит за шампионскиот трофеј екипата на Бате Борисов не успеа да оствари победа во дуелот со Торпедо Бел АЗ Жодино иако фудбалетите на Бате имаа голем број на шанси. 
 
Најголемата ја пропушти Павел Некхајчик кој во 41.минута не реализира пенал, односно неговиот удар заврши високо над голот. 
 
Така гостите останаа на третата позиција на табелата, додека Бате Борисов е дури осмо пласиран. 
 
Интересен меч одиграа Вотебск и Динамо Брест. Гостите забележаа минимална победа со 1-0 и тоа откако домаќините останаа со двајца играчи помалку кои беа исклучени поради црвени картони. 
 
Единствениот гол на дуело и тоа од пенал го постигна Молдавецот, Иан Николаеску во 86-.тата минута.
 
По пет одиграни кола, а со по 10 освоени бодови, на првите три позиции се екипите на Слутск, Витебск и Жодино.