Во Белград во сабота ќе се одржи хуманитарен концерт во споменот на загинатите во Кочани
Хуманитарен концерт во спомен на загинатите во трагичниот пожар во Кочани - проект „Мевлем“ - ќе се одржи в сабота на 29 март во културниот дом Пароброд во Белград, соопшти Белградската музичка младина.
„Мевлем“ е уметнички концепт на композиторот и поет Марко Виденовиќ кој ги поврзува музиката и поезијата, создавајќи простор за подлабоко разбирање, исцелување и сочувство преку уметноста, јави МИА од Белград.
Проектот „на публиката и нуди уникатно емотивно искуство, суптилно допирајќи ги темите на загубата, љубовта, сеќавањето и надежта“, се вели во соопштението.
„Концертот е можност колективно да се изрази солидарноста со повредените и нивните семејства и да се оддаде почит на жртвите од трагедијата. Влезот е бесплатен, а секој кој е во можност да донира пари ќе биде добредојден. Сите собрани пари ќе бидат наменети за семејствата на повредените за време на пожарот“.
Ќе настапат Марко Виденовиќ (пијано/рецитација), Памела Велкова (виолина), Верица Ајтовска (виола) и Енис Алји (виолончело).
Концертот (сабота,19:00 часот), го организира Белградската музичка младина и долгогодишен пријател - Музичката младина на Северна Македонија, се вели во соопштението. „Нека „Мевлем“ биде лек за целото наше општество“, се додава во соопштението.
Ново на Сител
-
Делумното затемнување на Сонцето видливо од поголемиот дел од Европа
-
На аеродромот во Вашингтон избегнат судир на патнички и воен авион
-
Бенон: Трамп може да оди во затвор доколку во Белата куќа влезе демократски претседател
-
Вардар славеше во Битола
-
Бројот на загинати во земјотресот во Мјанмар се искачи на 1.644, повредени се 3.408 луѓе
-
Ѓоковиќ: Многу сум благодарен што Меси дојде на мојот меч со семејството
-
Тешко повредена 21-годишна работничка во Кочани
-
Кралот Чарлс Трети упати сочувство до народот на Мјанмар поради жртвите во земјотресот