Во Белград се одржа првиот состанок на Движењето за народот и државата
Во Белград денеска се одржа првиот состанок на иницијативниот одбор за формирање на сенародно - Движење за народот и државата, каде српскиот претседател Александар Вучиќ по средбата изјави дека е време да се артикулира големата сила на народот и да се обедини сета интелигенција и патриотизам за да се обликува иднината.
„Симболично, во куќата на кралот Петар Први започнавме голема работа. Да понудиме надеж, стабилност, безбедност и иднина на Србија и нашите деца. Денеска го одржавме првиот состанок на иницијативниот комитет за формирање на сенародното движење за народот и државата “, објави Вучиќ на Инстаграм.
Тоа движење ги повикува сите чесни граѓани со своите способности и знаење да придонесат за Србија и да и помогнат на државата да стане најуспешна во својата историја.
На состанокот на иницијативниот одбор на „Движењето за народот и државата“ учествуваа и неколку членови на Српската академија на науките и уметностите (САНУ), факултетски професори, претседателот на Асоцијацијата на Албанците во Србија и други, јавија белградските медиуми.
Претседателот Вучиќ со години најавува формирање на движење, а собирот на СНС во јануари во Јагодина го означи како почеток на процесот на создавање на „Движењето за народот и државата“.
„Денеска се исцртуваат контурите и патот кон добра и сигурна иднина за нашата Србија, пат кој води до просперитет, напредок и слобода за сите идни генерации“, рече Вучиќ.
Ново на Сител
-
Историски скок на Волстрит, Европската комисија го поздрави потегот на Трамп
-
Судскиот Совет го разгледува предметот за Теодора
-
Се уште не се знае каде ќе се суди за трагедијата во Кочани
-
И денеска судења против Мерко
-
Тошковски и Коцевски потпишаа нов протокол за засилување на соработката помеѓу МВР и Јавното обвинителство
-
ЈКП – ЈА бараат да плаќаат за струја по тарифи како и за физичките лица
-
Преглед на вестите од светот
-
Ново од Трамп: Царините за Кина рекордни 125 отсто, за останатите држави само 10 отсто