Во автомобил на 24 годишен скопјанец пронајдено над 100 пакувања со кокаин и хероин
Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје донесе Наредба за спроведување истражна постапка против 24-годишен скопјанец поради основано сомнение дека сторил кривично дело – Неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори.
- На 16 декември полициски службеници на улицата „Архимедова“ во Скопје запреле за преглед автомобил во кој се превезувал осомничениот, па во тој момент кај него нашле над 100 различни полиетиленски пакувања наркотична дрога кокаин со вкупна количина од 161,29 грама, како и уште 25 пакувања хероин со вкупна количина од 44,01 грама. Му била запленета и дигитална вага со остатоци од кокаин и хероин, пет мобилни телефони и парични средства за кои постои сомнение дека потекнуваат од илегална продажба на дрога, стои во соопштението од Обвинителството.
Надлежниот јавен обвинител до судијата на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје доставил предлог за определување мерка притвор за осомничениот.
Ново на Сител
-
Самит ЕУ - Западен Балкан
-
Тема на денот со Ана Чупевска, потпретседателка на СДСМ
-
Самит ЕУ - Западен Балкан
-
Сетек со роденденска понуда - Попусти до 60%
-
Преглед на вестите од светот
-
Потерници за Груби и Бајрами на сајтот на МВР
-
Политички реакции – Кој е виновен за бегството на Груби?
-
Предметите за висока корупција се чуваат долго, а најчесто завршуваат и на повторно судење