Македонија
4. November 2016 - 12:51

Во автобус откриен избеган затвореник, еве што пронајде полицијата кај него

НК КР Кичево поднесе кривична пријава против А.Т. (35) од Скопје поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори“.
 
На 30. октомври околу 20.30 часот на магистралниот пат Кичево-Гостивар, кај с.Длапкин Дол, полициски службеници стопирале автобус „Мерцедес“, каде како патник било затекнато лицето А.Т..
 
При личен преглед кај лицето пронајдени биле: кесичка со непозната бела прашкаста материја и едно мало пластично шише со непозната течност, две таблети.
 
Лицето било спроведено во КПУ Затвор Скопје, од каде што избегал, на доиздржување на казна затвор.