Во Атина се одржува состанок на Советот на министри на Организацијата за црноморска економска соработка
Во рамки на грчкото претседателство со Организацијата за црноморска економска соработка, од утрово во Атина започна 41. Состанок на Советот на министрите за надворешни работи на земјите членки.
Како што соопштуваат од Министерството за надворешни работи на Грција, за време на состанокот се очекува да се разгледаат можностите за дополнителна соработка меѓу земјите членки во областите како што се енергетиката, транспортот и туризмот, јави дописничката на МИА од Атина.
На маргините на состанокот, шефот на грчката дипломатија Никос Дендиас ќе оствари средба со неговиот романски колега Богдан Ауреску, со оглед на тоа дека Романија е следната земја претседавач од јануари 2020.
Во Организацијата за црноморска економска соработка членки се 12 земји Албанија, Ерменија, Азербејџан, Бугарија, Грузија, Грција, Молдавија, Романија, Русија, Србија, Турција и Украина.
Ново на Сител
-
Почнаа разговорите за коалиција
-
Убедливо водство на Силјановска
-
Тема на денот со Љупчо Петковски, политиколог
-
Светските медиуми известуваа за изборите во Македонија
-
Бизнисот очекува политичка промена и исполнување на ветеното
-
ГРОМ призна пораз, ЗНАМ сметаат дека се родила третата опција, Левица очекува повеќе гласови на 8ми мај
-
Преглед на вестите од светот
-
Убедливо водство на Силјановска