Грчката Влада ја остава отворена можноста да ѝ помогне на Франција со противвоздушни системи за време на Олимписките игри
– Портпаролот на грчката Влада Павлос Маринакис не ја отфрли можноста, доколку Франција побара, Грција да испрати противвоздушни системи за време на Олимписките игри во Париз, но потенцираше дека тоа би било за конкретен временски период и само доколку не влијае врз одбранбениот капацитет на земјата, јави дописничката на МИА од Атина.
Весникот „Катимерини“ денеска објави дека француските власти до Грција доставиле барање за испраќање мобилни противвоздушни системи со краток дострел од типот „CROTALE“ на грчкото воено воздухопловство за употреба за време на Олимписките игри во Париз.
– Според добро упатени извори, француската страна навестува дека доколку Париз има намера да ѝ отстапи на Украина противвоздушни системи, потребна е помош од сојузниците за да се обезбеди воздушната одбрана на клучните инфраструктури во метрополата што ги организира Олимписките игри.
Истите извори за „Катимерини“ велат дека соодветната кореспонденција меѓу Атина и Париз започнала на дипломатско ниво во ноември минатата година, очигледно без никаква разврска до сега, пишува весникот.
За конкретното прашање, портпаролот на грчката Влада на денешниот редовен брифинг со новинарите истакна дека доколку би се испратиле противвоздушни системи, тоа би било само за време на Олимпијадата.
-Доколку нашите сојузници побараат за конкретен временски период, за Олимписките игри, некоја конкретна помош која во никој случај нема да влијае на одбранбениот капацитет на земјата, тоа ќе се случи, но секако по координација и консултација меѓу двете страни.
Но појаснувам, говориме за конкретен ограничен временски период истакна Маринакис.
Ново на Сител
-
Николоски бара Обвинителството да го испита работењето на ЈП за државни патишта и ЖРСМ Инфраструктура
-
Приведен скопјанец кој уценувал девојка
-
До март најверојатно ќе се реализираат две линеарни зголемувања на пензиите, најави Мицкоски
-
Мицотакис: Ги предупредуваме нашите северни соседи, не почнавте добро, престанете да правите сметка без крчмарот
-
Претседателката Сиљановска Давкова го прими кинескиот амбасадор Џанг Ѕуо
-
Изет Меџити ќе биде прв заменик претседател на Владата
-
За септември одложен почетокот на повтореното судење за пожарот во модуларната болница во Тетово
-
Се заканувал на странска амбасада - Кривична пријава за прилепчанец