Во Анкара и Истанбул воведени засилени мерки за безбедност заради ризик од тероризам
Турскиот премиер Ахмет Давутоглу денеска ја информира јавноста дека властите ги засилиле безбедносните мерки во Анкара и Истанбул заради ризикот од тероризам, пренесе ТАСС.
-Терористите сакаат да не победат, да го сменат нашиот вообичаен начин на живот и да создадат хаос. Ние, меѓутоа, нема да им го дозволиме тоа и ќе продолжиме да преземаме широки мерки за спротивставување на тероризмот, изјави Давутоглу за телевизијата НТВ.
Премиерот уште кажа дека по терористичките напади на 17 февруари и 13 март владата разгледала мерки за гарантирање на безбедноста.
Ситуацијата во престолнината и во другите големи градови во Турција е напрегната по атентатот во Анкара на 13 март, во кој загинаа 37 лица и над 120 беа ранети.
Одговорноста за нападот ја презеде „Јастреби за слободата на Курдистан“, вооружена група за која се смета дека е поврзана со Курдската работничка партија (ПКК).
Во Анкара по атентатот беа засилени проверките на автомобили, на улиците дежураат повеќе полицајци, зголемени се и мерките за безбедност и контролата на посетителите во големите трговски центри, како и набљудувањето на ситуацијата по улиците на места каде се собираат многу луѓе.
Ново на Сител
-
Демант: Македонската полиција гарантира безбедно чествување на 4 февруари, класична лага е дека ќе доаѓале бугарски полицајци
-
Спасовски: На 4-ти февруари да покажеме национално единство и да не потпаднеме на пропагандата
-
Франција конфискува иранско оружје и противтенковски ракети наменети за Јемен
-
Во пожар во куќа во Велес изгоре просторија од третиот кат и кровот, нема повредени
-
Бугарски бизнисмен испрати пакети со прехранбени продукти за подобро здравје на Пендиков | ФОТО
-
Андонов: Субвенционирана струја побараа уште 21 прехранбена компанија, 17 училишта и три комунални претпријатрија
-
Стечајните управници со лиценци до 64 години ќе преполагаат
-
Левица: Партиски членови повикани на „информативен разговор“